Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За 90 проценти намален бројот на млекопроизводители последните шест години во Кичевско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За 90 проценти намален бројот на млекопроизводители последните шест години во Кичевско
Агровести

За 90 проценти намален бројот на млекопроизводители последните шест години во Кичевско

Објавено 12/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Исселувањето на жителите од Кичевско и заминувањето во странство негативно се одрази и врз млекопроизводството во овој регион. Се помал од месец во месец е бројот на земјоделско население, а тоа најдобро го отсликува и бројот на кооперанти кои произведуваа млеко и кои за неполни шест години се намалија за 90 проценти и од 60 кооперанти останаа само шест, потврди Енвер Алими, сопственик на најголемата фарма за производство и откуп на млеко во Кичевско.

-Бројот на земјоделски производители и производители на млеко во нашата општина континуирано се намалува. Се повеќе земјоделци заминуваат во странство, а со тоа бројноста на кооперантите е во континуиран пад, вели фармерот Алими и ги потенцира бројките кои ја потврдуваат неговата констатација.

-Најсликовит пример за оваа состојба е бројот на производители на млеко во регионот кои во 2016 година ги имаше над 60, а во текот на оваа година нивниот број се сведе на само шест производители на помали количества млеко. Во тоа време јас од кооперантите и од сопствено производство на битолска млекара секојдневно и испорачував по 6000 литри млеко, за денеска количините да се сведат на околу 2000 литри, истакна фармерот, кој причините за намалување на бројот на млекопроизводители ги гледа и во ненавремената исплата на субвенциите и зголемување на откупната цена за предаденото млеко, која моментално е дестимулативна.

Млекопроизводителите со цените на откупеното млеко, посочи тој, воопшто не можат да бидат задоволни, бидејќи откупната цена од 18 денари за литар предадено млеко во количина од над 100 литри и само 14 денари за откупен литар млеко под 100 литри е понижувачка, бидејќи амбалажираната вода во маркетите е двојно поскапа од овој здрав продукт.

– Исто така субвенциите кои следуваа по грло не се исплаќаат навремено, за да можат сточарите да се снабдат со храна по нешто пониски цени, а сега ќе бидат приморани дополнително да се снаоѓаат да изнајдат средства за да ги покријат тековните зголемени трошоци за храна – додаде Алими и посочи дека стравува во блиска иднина целосно да замре млекопроизводството во овој регион, имајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваат.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:кичевскоМлекопроизводители
Претходен напис По студеното утро, нè очекува сончев ден со температура до 21 степен
Следен напис Сремуш или див лук, моќен лек и вкусен зачин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?