Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За 25 денари за килограм, расте цената за откуп на тутун од прва класа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За 25 денари за килограм, расте цената за откуп на тутун од прва класа
Агровести

За 25 денари за килограм, расте цената за откуп на тутун од прва класа

Објавено 10/12/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупната компанија „Пашоски“, една од 10-те кои го купуваат тутунот во земјава, ја зголеми цената на тутунот на 400 денари. Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат овој пример да го следат другите откупувачи.

Конретно, со анекс на договорот, доставен до Сојузот компанијата соопштува дека првата класа откупен тутун се зголемува од 375 на 400 денари а килограм, а тутунот годинава се откупува, главно во прва класа.

-Нашите настојувања, во соработка со Министерството за земјоделство преку средби со откупувачите, почнуваат да вродуваат плод. Така, првата компанија која ја зголеми цената на првата класа тутун на 400 денари, е компанијата „Пашоски“ која денеска нѐ информираше за зголемувањето на цената, со тоа што ќе им биде доплатено на тутунарите кои досега го предале тутунот, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот за тутунски здруженија.

Тутунарите, а со нив и Сојузот, нема да се откажат од барањето за повисока цена.

-Очекуваме овој пример да го следат другите откупувачи за зголемување на цената. Тоа ќе биде мотив повеќе за производителите и за производство и за интензивирање на откупот, рече Ристески.

Инаку, досега се откупени преку 3.700 тони тутун по просечна цена од 374,71 денар.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:мзшвоткупсојуз тутунарскитутунцена
Претходен напис Ребаланс на буџетот – Повеќе пари за пензионерите и за земјоделците
Следен напис (ВИДЕО) Фабриката за добиточна храна на ЗК Пелагонија – напредна технологија и квалитетна исхрана на животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?