Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Втор ден пожарот на боровата шума во Тетовско покрај пожарникарите се гасне и со воздухопловна поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Втор ден пожарот на боровата шума во Тетовско покрај пожарникарите се гасне и со воздухопловна поддршка
Агровести

Втор ден пожарот на боровата шума во Тетовско покрај пожарникарите се гасне и со воздухопловна поддршка

Објавено 23/09/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека повторно, втор ден по ред, активирана е и воздухопловна поддршка за противпожарните тимови за пожарот на планината Сува Гора во шумата над селото Милетино во Општина Брвеница. Денеска дејствуваат два противпожарни авиони „Ер-трактори“ и еден полициски хеликоптер.

– Имаме активно горење на неколку краци. Пожарот гори ниско по тревата низ зимзелена шума, борова шума, предизвикува штета. Се надевам дека дрвјата ќе преживеат и нема да бидат исушени. Рано утрово почнавме со гасење со два „Ер-трактори“ на ДЗС, а дополнително ќе биде ангажиран и еден полициски хеликоптер, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пожарот изби вчера во текот на пладнето, попладне беше изгаснат од пожарникари, но и три „Ер трактори“ и хеликоптер, но ноќта повторно се разгоре.

– И покрај обидите за контрола врз овој пожар, тоа остана неуспешно. Ветрот, кој постојано дува, го менува својот правец, како и поради и сува вегетација, како овие шишарки на земја, дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар, изјави Ангелов.

Од разденување се работи на гаснење на пожарот, а интервенираат и вработени во ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Лешница“.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БороваТетовошума
Претходен напис Денеска почна есента
Следен напис Опитно поле – Факултет за земјоделски науки и храна го објави каталогот на ОВОШНИ САДНИЦИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?