Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врнежите го полнат Дојранското Езеро, водостојот зголемен за околу 50 сантиметри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Врнежите го полнат Дојранското Езеро, водостојот зголемен за околу 50 сантиметри
Агровести

Врнежите го полнат Дојранското Езеро, водостојот зголемен за околу 50 сантиметри

Објавено 09/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По есенските и зимските врнежи, нивото на водата во Дојранското Езеро бележи пораст од околу 50 сантиметри, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, на езерото сè уште му недостасуваат околу 70 сантиметри за да ја достигне минималната договорена кота од 146,13 метри надморска височина.

Од крајот на октомври до првата половина на февруари, според податоците на УХМР, е регистриран постепен пораст на водостојот, а оптимистичките прогнози се дека во следните три до четири месеци езерото би можело да ја достигне минималната кота.

– Водостојот на Дојранското Езеро го мериме според договорената минимална кота со грчката страна, која изнесува 146,13 метри надморска височина. По последните врнежливи периоди, езерото се полни, но при последното мерење нивото изнесуваше 145,42 метри, што значи дека се потребни уште 71 сантиметар за да се достигне минималната кота – изјави Васко Стојов, раководител на Секторот за хидрологија во УХМР.

Најповолно за полнење на езерото е влевањето на водите од топењето на снегот на планината Беласица, но засега снежна покривка нема. Дополнително, како тектонско езеро, Дојранското природно старее, што го намалува неговиот волуменски капацитет.

Прогнозите се дека езерските води ќе нарастат и во наредните неколку месеци, но со покачување на температурите и со дејство на ветерот неизбежно ќе биде испарување на водата.

– Можно е до почетокот на летото езерото да ги надомести овие 70 сантиметри, но истовремено ќе имаме и затоплување и поголемо испарување. И покрај дождливите месеци, очигледно е дека подолг период се соочуваме со сушни услови, што директно се одразува на водостојот – додава Стојов.

За споредба, податоците на УХМР од 2017 година покажуваат дека во февруари Дојранското Езеро бележело водостој на кота 147,10 метри, што е разлика од сегашното ниво од еден метар и седумдесеттина сантиметри.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дојранското Езерозголемен
Претходен напис Македонските вина со силно присуство во Париз: Национален настап на винскиот саем Wine Paris и ексклузивна промоција „Ноќ на македонските вина“
Следен напис Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?