Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Времето поволно за земјоделски активности на отворено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Времето поволно за земјоделски активности на отворено
Агропрогноза

Времето поволно за земјоделски активности на отворено

Објавено 13/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците може да почнат или да продолжат со работа на поле, велат агрометеоролозите. Времето е поволно за резидба на виновата лоза и овошките, за прихранување на есенските посеви, за сеидба на некои раноградинарски култури, ако почвените услови ги дозволуваат овие активности.

-Врнежите минатата недела придонесоа за зголемување на влагата во почвата која е добредојдена во овој период за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој, како и за пролетна подготовка на почвата за садење одредени култури. Доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со изведување работа на поле – резидба на виновата лоза и овошките, отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), засадување нови лозја, пресадување нови лози на празните места, прихранување на есенските култури, подготовка на почвата за сеидба на раните пролетни култури, како и садење на одредени раноградинарски култури, наведуваат агрометеоролозите.

За денеска УХМР најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во среда се прогнозираат врнежи, а потоа, во четврток и петок, ќе биде променливо облачно. Минималните температури ќе се спуштат под нулата, а максималните ќе достигнат 16 степени.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Претходен напис Вината на винаријата „Јостела“ сместена во срцето на Гевгелија, освојуваат на прва голтка, но и на прв поглед
Следен напис Во среда и во четврток запишување за огревно дрво за пензионерите од Битола, Новаци и Могила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?