Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер (до 60 км/час) од северозападен правец.
Следува период на стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 км/час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

