Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 18 степени, а максималната од 19 до 30 степени.
Следните денови ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст.

Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има и во понеделник.
