Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се ограничува собирањето на мечкино грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се ограничува собирањето на мечкино грозје
Агровести

Се ограничува собирањето на мечкино грозје

Објавено 01/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно член 14 став 1 од Законот за заштита на природата, Министерот за животна средина и просторно планирање донесе НАРЕДБА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СОБИРАЊЕ НА РАСТИТЕЛНИОТ ВИД ARCTOSTAPHYLOS UVA URSI (МЕЧКИНО ГРОЗЈЕ), ЗАРАДИ КОРИСТЕЊЕ И ТРГОВИЈА.
Оваа наредба е објавена во ”Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 201/2021 година).

Наредбата е донесено согласно извештајот за направената проценка на состојбата на популациите и количините на видот мечкино грозје на локации од економска важност на територијата на РС Македонија. Овој извештај е изготвен во рамки на проектот ,,Зачувување на биолошката разновидност преку ефикасно управување со заштитените области и вклучување на биолошката разновидност во управување со земјиштето,, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), чиј краен корисник на резултатите е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа наредба е донесена со цел превенција и заштита од негово истребување бидејќи овој вид неконтролирано се собира во огромни количини и со тоа може да дојде до негово исчезнување во природата.

Поради бавниот раст и бавното обновување на популациите на мечкино грозје, дозволено е да се собираат максимум 70% од достапните количини со цел да се обезбеди одржлива употреба на видот.

При собирање на мечкиното грозје треба да се води сметка да се собираат исклучиво гранки не помали од 15 см и тоа во месеците август и септември.

Ограничувањето на собирањето на мечкиното грозје се носи за период од 5 години од денот на објавување на оваа наредба во службен весник.

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:мечкино грозје
Претходен напис Француски пчелар се справува со азиските стршлени со стапица која сам ја направил
Следен напис Времето денеска сончево и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?