Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Временските услови послужија за пролетна сеидба во Југоистокот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Временските услови послужија за пролетна сеидба во Југоистокот
Агровести

Временските услови послужија за пролетна сеидба во Југоистокот

Објавено 13/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Спанаќ, морков, марула, кромид и лук се првите раноградинарски култури кои веќе се садат и на отворено во југоисточниот регион. Земјоделците велат дека иако пролетната сеидба е во тек, треба да се внимава на ниските утрински температури кои може да создадат проблеми за посевите на отворено.

– Што се однесува до контролираното производство условите се добри, со исклучок на ниските утрински температури од 1 или 2 степени. Садена е раната зелка, краставица, домат. Пролетната зелка може да се сади секаде, компирот уште малку и ќе се сади, а за културите кои успеваат на топла клима дневните температури се идеални, само што навечер и наутро се спуштаат блиску до нулата. За житните култури засега е добро, бидејќи земјата има доста влага од дождовите што паднаа изминатите месеци. Нов дожд сега не е толку итен, но е добредојден во нормални рамки, вели Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикати на земјоделски производители.

Иако јужните краеви предничат со земјоделските активности за разлика од постудените региони, сепак земјоделците велат дека е потребно внимателно да се преземаат следните чекори, бидејќи временските услови може да изненадат.

-Високата температурна разлика меѓу утринските и дневните температури која стигнува и до 20 степени може да предизвика забавен развој и да изврши помрзнување на расадот и на готовиот производ. Што се однесува до лозјето, сега е период кога може да се изврши таканаречено зимско прскање со фунгициди и инсектициди против паразити кои презимуваат во кората на стеблото или во земјата, вели лозар од дојранскиот регион.

Слични се прогнозите и на лозарите од валандовскиот крај, кои велат дека во претходните години имале штети од наглите временски промени.

– Временските услови не се идеални, но подобри се од некои претходно што сме ги имале. Сепак климатските промени си го прават своето. Има доволно влага во земјата, може да се прави прихрана со ѓубре. Пред неколку дена имавме и слана, тоа ќе си го покаже своето и кај лозниците, но и кај овошките. Засега е добро, се чувствуваат и првите лозанки, вели Васе Пендаров, лозар од Пирава.

Според агрометеоролошката прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи засега временските услови се погодни и тоа ја овозможило и пролетната сеидба на градинарските култури во потоплите краеви.

– Во периодот по 12 март, временските услови се добредојдени за изведување на работи во поле, припрема на површините под пластеници, прихранување на есенските посеви, припрема на почвата за сеидба на рани пролетни култури итн. Времето во претходната седмица придонесе за пролетно будење на овошките, особено на коскестите видови кои вообичаено се први во јужните краишта и Повардарието како бадемот, сливата џанка и кајсијата, се вели во агрометеоролошката прогноза на Управата.

Од УХМР и натаму најавуваат ниски утрински температури во интервал од минус 2 и 3 до плус 5 степени. За дневната температура, која викендов ќе се искачи до 19 степени, од вторник се најавува опаѓање за 2 до 3 степени и делумно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Временските условиЈугоистокотпослужијаПролетна сеидба
Претходен напис Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
Следен напис Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?