Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
Агровести

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Објавено 13/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација на Стопнаската комора на Северна Македонија, присуствуваше на свеченото одбележување на 80 годишнината од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (School of Economics and Business, University of Ljubljana), еден од најпрестижните економски факултети во Словенија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Основан е по Втората светска војна и постепено се развил во модерна меѓународно ориентирана бизнис-школа. Факултетот редовно е вклучен меѓу 95-те најдобри високообразовни институции во Европа според рангирањето на Financial Times. Има три најпрестижни меѓународни акредитации за бизнис-школи: AACSB International, EQUIS и Association of MBAs (AMBA). Само мал процент од бизнис-школи во светот ги поседуваат сите три, што го позиционира факултетот во глобалната елита на бизнис образованието. На настанот се обрати и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, како член на Советодавниот одбор на Факултетот, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок посветена на долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Членови на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана се и Ана Паула Африкано С. Силва, при Универзитетот во Порто; проф. Ана Бломбек, меѓународен факултет за бизнис во Јеншепинг, проф. Хана Холмс, градски универзитет во Манчестер, Паола Папаниколау, банкарска групација „Intesa Sanpaolo“, проф. Маркус Рудолф, факултет за менаџмент, „Ото Бајсхајм“, Диселдорф, проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Јанез Шкрабец, генерален менаџер на „Riko d.o.o.“, Словенија, Бранко Зибрет, „Kearney“, Австрија и Валтер Лебан, претседател на УО и CEO на “Колектор” АД, Словенија.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:азескиЕкономскиот факултетЉубљана
Претходен напис Најстудено утрово во Берово, 58 сантиметри снег на Попова Шапка
Следен напис Временските услови послужија за пролетна сеидба во Југоистокот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?