Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороеон дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за локален дожд и услови за ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.
Утре ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилвен ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Потоа од среда условите за нестабилност ќе бидат малку помали, иако локално во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски

