Во овој период од годината, пчелите се на врвот на нивниот развој. Затоа се случува тие често да се појавуваат во дворовите па луѓето не знаат што да прават.
Појавата на пчели во дворот може да биде добар знак, затоа што тие се симбол на животот. Нивниот производ, медот е единствената храна која ги содржи сите потребни материи за живот, како и ензими, витамини, минерали и вода. Затоа, ако забележите рој пчели во близина на вашиот дом, најважно е да не ги уништувате.
“Ако веќе немате некој сосед кој е пчелар или пак не знаете ништо за пчелите, можете да контактирате со најблиското здружение на пчелари. Сè што е важно е да ги спасите. Тие претежно се берат по овошјето, и одат на гранките. Дури се случува пчелите да влезат во оџакот, но тоа не е честа појава. Тоа може да направи проблеми бидејќи, ако не се види на време прчелите ќе прават својата заедница или саќе, и тогаш може да се појават потешкотии “, вели пчеларот Бранислав Вилотиќ .

Во овој период од годината, тие се појавуваат во рој
Во овој период од годината, овие вредни инсекти се на врвот на нивниот развој, поради што се појавуваат во рој.
„Сега е време кога се прави делење односно роење и тоа едноставно така е создадено со еволуцијата. При овој процес, старата матица излегува и води дел од заедницата со себе или се дели на неколку роеви, а подоцна излегуваат младите матици. Во принцип кога заедницата ќе се изрои, од неа ќе се одвои една војска од пчели кои ќе донесеат мед, полен и за кои ќе биде многу полесно да се обезбеди храна за зимата. Од друга страна, ако овој рој не биде фатен, ќе биде препуштен сам на себе некаде во дивината. Ако условите се добри и има добри можности за паша, ќе се подготви соодветно за престојната зима“, истакнува Вилотиќ.
Багремовата паша е завршена, а започна липовата и ливадската. Во јули има големи жештини и се појавуваат голем број на оси и стршлени, кои ги напаѓаат кошниците и можат да направат голема штета на пчелните колонии. Затоа е многу важно да им се обезбеди заштита.
Оваа појава се јавува особено кога пчели-туѓинци влегуваат во послабо пчелно семејство и тоа на некој друг спореден отвор во кошница, што е направен од невнимание на пчеларот. Првата мерка против ова е да се ограничи летот на пчелите околу кошница, така што само една или две пчели ќе можат да влезат и да излезат од кошница. Ако оваа мерка не помогне, тогаш пред отворот на кошницата се става крпа натопена во газија, чиј мирис ќе ги растера туѓите пчели.
Извор :Агроклуб
