Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водостојот во Преспанското Езеро зголемен за 19 сантиметри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водостојот во Преспанското Езеро зголемен за 19 сантиметри
Агровести

Водостојот во Преспанското Езеро зголемен за 19 сантиметри

Објавено 26/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нивото на водата во Преспанското Езеро е зголемено 17 до 19 сантиметри по последните врнежи од дожд и снег, кои го зафатија регионот на Преспа. Водостојот, денеска, како што информира градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, е 516 сантиметри под нултата кота, која е на 847,60 метри согласно водомерната летва во село Наколец.

– Состојбата е алармантна. Тоа е резултат на многу фактори, кои влијаат директно или индиректно на хидролошката состојба, како и со природното богатсво, видовите и живеалиштата, познати не само на локално и национално ниво, туку и во светски рамки, изјави Гошаревски за МИА.

Причините за лошата состојба во која се наоѓаЕезерото ги гледа во човечките актвиности, климатските промени, истекувањето и неодржливото користење на водите во регионот, особено за водоснабдување и за наводнување на се поголемети површини различни земјоделски култури.

За надминување на состојбата, на барање на Општина Ресен беше формирана експертска работна група од научни институции и претставници на министерствата за животна средина и просторно планирање и за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои изготвија Акциски план.

– Потребни се конкретни долгорочни мерки и активности со точно дефинирана рамка за реализација, финансиска рамка со реален буџет и име на институција од која ќе се финансира конкретната активност. И најбитно е да се врши одржлива приоритизација на предложените активности, посочи Гошаревски.

Проблемот со водостојот на Преспанското Езеро, смета дека треба да се разгледува во рамките на одржливото управување со водите во Езерото и сливното подрачје со акцент на прекуграничното управување.

– Што побрзо мора да функционира управувачката структура на Преспа парк, за проблемот да се разгледува интегрално и одржливо, потребни се научно-истражувачки анализи од кои ќе произлегуваат мерките и активностите, финансиските средства и секако  итно донесување  план за управување со споменикот на природата Преспанско Езеро, истакна градоначалникот.

Долгорочните мерки од акцискиот план, додаде, вклучува испитување каде истекува водата преку планината Галичица во Охридското Езеро, истражување кое е правено пред 20 години, како и вклучување соседните држави во процесот за спас на Преспанското Езеро, а со краткорочните мерки пак, е предвидено чистење на плажите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водостојПреспанско езеро
Претходен напис Комисијата за земјоделство ги усвои предлог-законите од дневниот ред, во тек расправата по Информацијата за тутунот
Следен напис Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во Делчевско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?