Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комисијата за земјоделство ги усвои предлог-законите од дневниот ред, во тек расправата по Информацијата за тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комисијата за земјоделство ги усвои предлог-законите од дневниот ред, во тек расправата по Информацијата за тутунот
Агровести

Комисијата за земјоделство ги усвои предлог-законите од дневниот ред, во тек расправата по Информацијата за тутунот

Објавено 26/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница ги усвои сите шест предлог-закони од дневниот ред.

Предлог-законите поминаа без дискусија.

Пред членовите на Комисијата беа предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал и на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и предлог-законите за изменување на законите за вршење земјоделска дејност, за селекционерски права, за пасишта и за сточарство, сите во прво читање.

Целта на измените, како што стои во предложените текстови, е усогласување на овие закони со Законот за прекршоци, односно намалување на глобите, но и менување на името на државата од Република Македонија, во Република Северна Македонија. Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, беа за намалување на глобите, но против промената на државното име во законите, поради што не дадоа поддршка на измените.

Во тек е расправата по Информацијата за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно со 21.12.2020 година, поднесена од пратениците Александар Николоски, Љупчо Димовски, Дајанчо Ефтимов, Златко Пенков, Мирче Аџиоски, Здравко Трајанов, Кирил Пецаков, Александар Велјановски, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов, Бети Стаменкоска Трајкоска, Даниела Христова, Лидија Петкоска, Ангелинка Петкова, Бране Петрушевски, Миле Лефков, Иван Јорданов, Бојан Стојаноски, Рашела Мизрахи, Благица Ласовска, Петар Ристески и Никола Мицевски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Информација за тутунКомисија за земјоделствоПредлог закон
Претходен напис Земјоделци уриваат барикади за да влезат во Њу Делхи на протест со трактори
Следен напис Водостојот во Преспанското Езеро зголемен за 19 сантиметри
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?