Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водич  за садење на овошни садници и нивно одржување во текот на првата година – нови насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Водич  за садење на овошни садници и нивно одржување во текот на првата година – нови насади
Совети

Водич  за садење на овошни садници и нивно одржување во текот на првата година – нови насади

Објавено 21/01/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

1. Подготовка на теренот

Пред садење, неопходно е да се изврши темелна подготовка на почвата со цел да се создадат идеални услови за примање и развој на садниците.

1.1. Основна обработка

Почвата се обработува на длабочина од 50 cm (орање, фрезирање или рачно копање).

Доколку почвата е тешка и глинеста, пожелно е додавање песок и органска материја за подобра пропустливост.

Ако се работи за лесни, песокливи почви, додавањето органско ѓубриво помага да се задржи влагата.

1.2. Ѓубрење пред садење

Се внесува 2  kg добро прегорено арско ѓубриво за една садница  или 300–500 kg/декар при поголеми насади.

По потреба се додаваат фосфорни и калиумови ѓубрива, кои го поттикнуваат развојот на кореновиот систем.

Ѓубривото треба да биде добро измешано со земјата за да не дојде до директен контакт со корените, или пак да се дададе во долниот слој на дупката, да нема контакт со коренот.


2. Начин и техника на садење

2.1. Копање на садни места – дупки

Дупките  обично се 50 – 60 cm длабоки и најмалку 50 cm широки.

За овошки со поголем коренов систем (кајсија, орев, дуња) може да се направат и поголеми јами.

2.2. Подготовка на садницата

Пред садење корените се проверуваат: оштетените и исушените делови се отстрануваат со чист рез. Доколку садницата е премногу сува, коренот може да се потопи во вода 2–3 часа пред садење.

2.3. Постапка на садење

1.На дното на дупката се става мешавина од земја и органско ѓубриво.

Садницата се поставува во центарот, така што кореновата вратна зона да биде неколку сантиметри над нивото на почвата.

Корените се распоредуваат рамномерно во сите насоки.

Дупката  постепено се пополнува со рофкава земја, која се нагазува лесно за да се извади воздухот.

Се наводнува со 10–15 литри вода веднаш по садењето.

2.4. Потпирање на садниците

Се поставува дрвен или метален колец веднаш до садницата.

Садницата се врзува лабаво за да може да се движи, но да остане стабилна при ветар.


3. Наводнување и влажење на почвата

Првата година е најважна за формирање силен коренов систем.

3.1. Време и количина на вода

Пролет: наводнување на 7–10 дена со 10–15 литри по садница.

Лето: почесто, на 5–7 дена, особено при високи температури.

Есен: наводнување само при сушни периоди.

3.2. Видови наводнување

Рачно полевање (најчест метод во мали насади).

Капка по капка — најдобар метод, бидејќи штеди вода и обезбедува рамномерно влага.

3.3. Мулчирање

Се поставува слој од слама, суви лисја, трева или дрвена струготина околу садницата.

Мулчот ја задржува влагата, ги намалува плевелите и го подобрува квалитетот на почвата.


4. Резидба и формирање на крошната

4.1. Резидба веднаш по садењето

Главното стебло (централниот лидер) се скратува за 20–40% за да се балансира односот меѓу надземниот дел и коренот.

Се избираат 3–4 примарни гранки кои ќе ја формираат идната крошна.

4.2. Резидба во текот на првата година

Се отстрануваат сите оштетени, пресечени или болни гранчиња.

Се отсекуваат изданоци кои растат кон внатрешноста на крошната.

Доколку има конкуренти со врвното стебло, тие се отстрануваат за да се задржи правилна форма.

Не се препорачува силна резидба во првата година за да не се ослаби развојот.


5. Одржување во текот на годината

5.1. Контрола на плевели

Редовно плевење околу садницата за да се избегне конкуренција за вода и храна.

Може да се користи и заштитна фолија или мулч.

5.2. Ѓубрење

Во првата година не се препорачуваат големи количества минерални ѓубрива.

Може да се додаде мала количина азотно ѓубриво во рана пролет или почеток на лето., најдоцна до почеток на месец јуни. – Вид на азотно ѓубре  Амониум нитрат 34,4%.

Органскиот материјал секогаш е пожелно да се додава околу садницата.

5.3. Заштита од болести и штетници

Следење на појава на лисни ваши, гасеници, мувли и габи.

Се применуваат дозволени препарати по препорака на стручно лице.

За зајаци и глодари, стеблата може да се заштитат со мрежа или пластична обвивка.

5.4. Заштита од мраз

Во подрачја со многу студени зими, основата на садницата се прекрива со земја или слама.

Во рана пролет се открива за да се избегне задржување на влага.


6. Општи препораки

Секогаш садете квалитетни и здрави садници од проверени расадници.

Следете ја влажноста на почвата — премногу вода може да биде исто толку штетно како и недоволно.

Редовно проверувајте дали садниците се исправени и добро врзани.

Во текот на првата година фокусот е на корен, а не на род—па затоа сите цветови што ќе се појават најчесто се отстрануваат.

Извор – Опитно поле ФЗНХ

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:нови насадииовошкасадењесадници
Претходен напис СОВЕТ: Зимско ѓубрење на овошките и лозјата, количини на ѓубриво по месеци
Следен напис (ВИДЕО) Необичен случај на фарма: Крава се отели – роди пет телиња!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?