Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Агровести

Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството

Последна измена: 19/05/2025 10:45
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци почна со реализација на проектот „Паметен соларен пчеларник“ чија главна цел е да се создадат услови за профитабилно пчеларство преку производство на нови иновативни производи врз база на пчелни трутови во услови на климатски промени. 

Како дел од проектот, а во рамки на пчеларство „Данев“ поставена е пилот пчеларска фарма во околината на Зрновци, на која ќе се прават теренски обуки на заинтересирани пчелари за добивање на т.н. трутово млеко.

-Станува збор за финален пчелен производ што досега е непознат на нашите простори, а во источноевропските земји и Русија во последните неколку децении се користи во секојдневната исхрана. Трутовото млеко е поевтина и подостапна замена за матичниот млеч и исто така се смета за суперхрана, односно се користи за зајакнување на имунитетот кај луѓето. Тоа е комплексна материја којашто можат да ја користат и деца и возрасни, ги има сите потребни нутриенти за организмот, како микроелементи, односно минерали, калциум, цинк, манган, цела палета на есенцијални и неесенцијални аминокиселини, липиди, стероли. Суперхрана којашто е високо нутритивна, релативно евтина и што е најинтересно, ќе можете да ја добиете кај вашиот локален пчелар, истакна пчеларскиот стручњак Благојче Најдовски, кој е координатор на проектот.

Реализацијата на проектот има три главни цели: подобрување на профитабилноста на пчеларството, зајакнување на имунитетот на луѓето со користење суперхрана од домашно потекло и зачувување на биодиверзитетот.

-За добивање трутово млеко не треба скапа технологија и опрема, односно со мала обука и знаење секој пчелар може да го произведе со пресување на трутовите ларви. Ние сакаме ова искуство да го пренесеме на околу 5.000 пчелари, колку што ги има во Македонија, да добијат знаење и производ со високододадена вредност. За разлика од матичната млеч, чие добивање е тешко и професионален пчелар може да произведе 4-5 килограми годишно, истата количина трутово млеко се добива од едно пчелно семејство. Луѓето кои го користат трутовото млеко можат да го видат подобрувањето на имунитетот за 10-15 дена, додава Најдовски.

На пчеларската фарма во Зрновци што е вклучена како пилот терен, поставена е автоматизирана опрема за следење на метеоролошките и климатските карактеристики на околината, а со апликација на мобилен телефон или компјутер податоците можат да се добиваат во реално време.

Во рамки на проектот што ќе трае до средината на декември годинава ќе се спроведат шест теоретско-практични обуки и работилници. Ќе се изработат и едукативни видеа и брошура за производство на трутови ларви, протеинска храна од трутови ларви и за нутритивно-здравствените придобивки од нивната употреба во исхраната на луѓето.

Проектот е подржан од  Европската Унија и Владата на Црна Гора преку регионалниот проект „EICEE-Екосистем за екоиновации и циркуларна економија на Западен Балкан“.

МИА

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:Зрновциимунитетотјакнењепилот проектпчеларствототрутово млеко
Претходен напис Сообраќајот непречено, по суви коловози
Следен напис Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?