Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Агровести

Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните

Објавено 19/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод  20 Мај, Светскиот ден на пчелата, утре во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) ќе биде отворен првиот Парк на пчелата во земјава. Овој простор ќе биде училница за студентитие, но и место на кое сите посетители, независно од возраста, ќе можат да се запознаат со значењето и биологијата на пчелите, технологијата на одгледување, медоносните растенија и производите на медоносните пчели.

Паркот на пчелата има аудиовизуелни елементи со информативно-едукативна содржини за сите генерации. Дополнително е облагороден со медоносни растенија, а поставени се и традиционални и современи живеалишта за медоносни пчели, хотел и песочно живеалиште за повеќе видови опрашувачи, како и многу други содржини чија цел, освен едукација и информирање, е и подигање на свеста на граѓаните за важноста на пчелите и воопшто опрашувачите. 

Паркот на пчелата е изграден со поддршка на Република Словенија во рамки на проектот „Жени пчелари-двигатели на позитивни промени во Македонија“, а го имплементира хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија.

-Се работи за добро пристапна локација со асфалтни патишта од три страни, со паркинг за моторни возила и велосипеди, а непосредно има и автобуска станица. Иако се работи за фреквентно опкружување, местото е тивко и изолирано од градската бучава, што го прави идеално за престој на студенти, повозрасни лица, деца, но и останати категории граѓани. Паркот на пчелата има своја едукативна и информативна намена каде студентите, учениците и јавноста ќе имаат можност да се запознаат со значењето, биологијата, технологијата на одгледување на медоносната пчела, медоносните растенија и производите од медоносните пчели. Сите што ќе го посетат Паркот ќе можат да се запознаат и со другите видови опрашувачи преку поставениот хотел за инсекти. Во еден дел од паркот наведени се и голем број на предаторите кои ги напаѓаат пчелите. Паркот ќе претставува вид отворена училница за одржување на дел од наставата на отворено, а во него ќе има и аудио и визуелни елементи, велат од АДРА Македонија. 

Меѓународниот ден на пчелата се одбележува на 20 мај, кога е роденденот на Антон Јанша, основоположник на модерното пчеларство (1734-1773). Предлогот за воведување Меѓународен ден на пчелата е на Словенија, а бил едногласно прифатен на Генералното собрание на ООН на 20 декември 2017 година.

Мотото на годинашниот Светски ден е „Пчелите инспирирани од природата да нè хранат сите“. Неговата цел е да ги истакне клучните улоги на пчелите и другите опрашувачи во земјоделско-прехранбениот сектор и здравјето на екосистемите на нашата планета.

Освен отворањето на Паркот на пчелата, утре Денот ќе биде одбележан со настан пред ФЗНХ, организиран од Факултетот, Амбасадата на Република Словенија во Скопје и АДРА Македонија. Најавена е богата програма за сите генерации.

Со одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, АДРА Македонија и партнерите се приклучуваат кон кампањата за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), која здружението Македонска пчела (MacBee) ја почна пред неколку години под слоганот „Одгледувам македоника, одгледувам наше“. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:граѓанитеедукацијаПарк на пчелатастудентите
Претходен напис Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Следен напис Поскапуваат горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?