Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во тек е Јавен оглас на АВРСМ за отворање на нови работни места во правни субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Во тек е Јавен оглас на АВРСМ за отворање на нови работни места во правни субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства
Јавни огласи и повици

Во тек е Јавен оглас на АВРСМ за отворање на нови работни места во правни субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства

Објавено 01/11/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 12.10.2021 година објави

Ј А В Е Н   О Г Л АС за отворање на нови работни места во правни субјекти (микро, мали и средни претпријатија) кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства

 Пријава за учество во овој Проект може да достави правен субјект (микро,  мало и средно  претпријатие) кој:

–        е регистриран најмалку 6 месеци

–        има изготвено годишна сметка за претходната година, 

–        има најмалку 1 вработено лице на денот на аплицирањето и

–        не го намалил бројот на вработените лица во последните 3 месеци пред денот на аплицирањето.

 Пријава за учество во овој Проект може да достават и невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како активни баратели на работа,  кои не биле во работен однос кај истиот работодавач кој аплицира за учество во проектот најмалку 1 година пред денот на аплицирањето. 

 Правните субјекти може да добијат кредит во износ од 5.000 евра за секое новоотворено работно место, без ограничување на бројот на лица кои може да ги вработи.

 Правниот субјект кој ќе вработи невработено лице со полно работно време, има обврска да го задржи на работа најмалку 3 (три) години од денот на засновање на работниот однос. Доколку дојде до прекин на работниот однос, работодавачот е должен на негово место да вработи друго невработено лице со полно работно време кое ги исполнува условите од Проектот, во спротивно треба предвремено да го врати кредитот во целост.

    Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

·         Рок на враќање на средствата е 4 години со вклучен грејс период од 1 година,

·         Каматна стапка од 1% на годишно ниво,

·         Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за која правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

      Правниот субјект при пријавувањето должен е да:

      –        на денот на пријавувањето не е во стечајна постапка или ликвидација,

      –        ги има измирено сите даноци и придонеси,

      –        има остварено добивка во претходната година

Доколку правните субјекти, по извршеното поврзување со невработените лица кои имаат доставено пријава по објавениот јавен оглас, не успеат да ја задоволат својата потреба од работник со соодветен профил, Центарот за вработување ќе пристапи кон посредување со пребарување заради наоѓање на невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Пријавата за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

 Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: [email protected]и [email protected].

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:АВРСМкредити
Претходен напис Нови цени на горивата – Дизелот поевтинува
Следен напис Валандовска ракијата – традиција што трае
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?