Почна изградбата на канализациона мрежа во селото Мустафино во Општина Свети Николе. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски при стартот на изградбата на канализациона мрежа во едно од најголемите села во Овче Поле истакна дека со овој капитален проект решаваат еден од најприоритетните проблеми на мештаните, кои прв пат ќе добијат модерна и функционална канализациона мрежа.
-Проектот е предвиден да се реализира во неколку фази. Вредноста на првата фаза е 5.900.000 денари од кои 4.000.000 денари, се средства од Министерството за животна средина. Должина на првата фаза е еден километар со 33 шахти и базен за собирање на отпадната вода со цел заштита на животната средина, вели Велковски.
Забележува дека вкупната вредност на сите фази за овој проект изнесува 72 милиони денари. Рокот за реализација на овој капитален проект е 2022 година.
Изовор: МИА