Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исчистени повеќе диви депонии во Oпштина Јегуновце
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исчистени повеќе диви депонии во Oпштина Јегуновце
Агровести

Исчистени повеќе диви депонии во Oпштина Јегуновце

Објавено 22/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Јегуновце изминатиов период презеде повеќе акции за расчистување на дивите депонии на територијата на општината. Расчистување на дивите депонии е во рамки на годишниот план за чистење на диви депонии на територија на општината и уредување на јавниот простор.

Дарко Блажески, градоначалник на Oпштина Јегуновце истакна дека исчистени се диви депонии и јавен простор во населените места Јегуновце, Шемшово, Вратница, патот од Јегуновце кон Подбреѓе, Прељубиште на патот кон Жилчe, како и во Туденце.

– По дислокација на отпадот, просторот на местото на депониите се уредува, урбанизира и заштитува повеќе да не се загадува. Како градоначалник на општина Јегуновце во мојата агенда на високо ниво е заштитата на животната средина и расчистување на дивите депонии. Особено ме радува фактот што жителите на населените места самоиницијативно упативаат барања до мене како градоначалник на општината за расчистување на дивите депонии во нивните населени места. Секогаш излегувам во пресрет на нивните барања и за кратко време во координација со службите превземаме акции за чистење на дивите депонии. Граѓаните и бизнис секторот се вклучуваат во акциите и потпомагаат со свои ресурси и капацитети, рече Блажески.

Од Oпштина Јегуновце апелираат до жителите за подигнувње на јавната свест, да не се уништува и загадува животната средина и природата, а отпадот да се депонира на соодветна и безбедна локација. Од таму велат дека и во наредниот период ќе се продолжи со расчистување на дивите депонии во сите населени места. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:депонииЈегуновце
Претходен напис Во светиниколското село Мустафино се гради канализациона мрежа
Следен напис Заев: Стоиме на располагање да помогнеме за оризовата арпа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?