Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Струмичко почна отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Струмичко почна отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници
Агровести

Во Струмичко почна отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници

Објавено 01/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Струмичко почна откупот на црвената пиперка-куртовска капија произведена во пластеници и стакленици. Откупната цена се движи од 20 до 60 денари за килограм во зависност од квалитетот, а трговците велат дека годинава производството е намалено за 20 отсто во споредба со лани.

Додаваат дека засега количините се мали, а покрај црвените пиперки камионите се дополнуваат со праска, лубеница, зелена пиперка, корнишони и други градинарски култури.

-Во најголем дел црвената пипиерка е засадена под пластеници, а површините на отворено се многу мали. Производството на отворено треба да стаса на почетокот на идниот месец, кога почнува сезоната на подготвување на ајварот. Количини ќе има, но заради намаленото производство очекувам цената да остане на сегашното ниво, вели Благој Витанов, откупувач од Струмичко.

Според него, на намалувањето на производството најмногу влијаеле лошите временски услови, односно дождовите во јуни и екстремно топлото време во јули, но и намалените површини кои се засадуваат со црвена пиперка.

Црвените пиперки, покрај на пазарите во ЕУ, се извезуваат во Бугарија, БиХ, Хрватска и Србија.

Инаку, според трговците и другите градинарски култури имат високи откупни цени. Така, лубениците се откупуваат по 12 денари за килограм, доматите од 40 до 50 денари, ктраставиците 30-40 денари, а грозјето, кое е на почеток на бербата, се откупува за 60 денари за килограм. 

МИА

Може да ви се допадне

ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Таг:извозотуппиперкаструмичко
Претходен напис Николовски: Од Брисел се очекува финансиската спогодба за ИПАРД 3, веднаш потоа први во регионот ќе почнеме со реализиација 
Следен напис По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?