По повод организација на бизнис саем за риби и риболовство, денес во просториите на Општина Струга се одржа состанок меѓу градоначалникот Рамис Мерко и организаторите на настанот, претставници од ЕуроСтеп – Скопје, маркетинг и менаџмент агенција.
Беше потпишан Меморандум за соработка и заедничка организација на бизнис саем и на културен настан. Саемот ќе биде организиран во времетрање од 2 (два) дена во јуни 2022, во Струга.
Целта на настанот е унапредување и подобрување на бизнис околината и заедницата на ниво на локална самоуправа и пошироко. Овој настан ќе придонесе за соработка и отварање на нови пазари, нови идеи и концепти и едукација. На овој настан се очекуваат учесници од национално и балканско ниво, претставници од државите членки на Европската Унија, но посебно внимание е наменето за културно-уметничкиот дел на настанот, односно домашните риболовни здруженија од Западен Балкан.
Се надеваме дека во иднина овој настан ќе премине во традиција, кој постојано ќе се надоградува и ќе приденесе за сите инволвирани страни, стои во објавата на фејсбук-страницата на Општина Струга.

