Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите најавуваат протест ако поддршка за арпата не добијат повеќе земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите најавуваат протест ако поддршка за арпата не добијат повеќе земјоделци
Агровести

Оризопроизводителите најавуваат протест ако поддршка за арпата не добијат повеќе земјоделци

Објавено 25/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на ориз од Кочанскиот регион бараат што повеќе земјоделци да бидат опфатени со финансиската помош – три денари за килограм предадена арпа, а за тоа е неопходно, велат, рокот за предавање на арпата да се продолжи до јуни. На Министерството за земјоделство му даваат рок од две недели да најде начин како ова да го спроведе. Во спротивно, најавија, ќе организираат нови протести и ќе ги блокираат магистралните патишта.

Производителите до петок очекуваат ресорното Министерство да организира средба на која ќе ги образложат барањата, но се надеваат и дека ќа се најде заедничко решение за да се избегне блокирањето на сообраќајниците.

-Нашите сознанија се дека само на 15 отсто од земјоделците кои успеале до 15 декември да ги предадат произведените количини, им е исплатена финансиската помош од КОВИД мерките. Тие временски не можеа да стигнат да ја продадат арпата, зашто жетвата на оризот завршува до крајот на октомври, ниту пак откупувачите физички со своите капацитети можеа да стигнат да ги исполнат условите. Исто така, не се опфатени ниту земјоделците кои арпата ја преработиле во бел ориз. Затоа бараме, редовните субвенции да останат по 3.000 денари за декар и да бидат исплатени за 15 дена, а рокот за откуп на арпата заради добивање дополнителната финансиска помош да се продолжи до јуни. Ако не добиеме позитивен одговор, ќе излеземе на протести со блокада на патиштата – изјави земјоделецот Здравко Коцев од Облешево.

Земјоделците кои произведуваат ориз се во дилема како ќе ја почнат сеидбената сезона оваа година поради драстично зголемените трошоци на вештачките ѓубрива и заштитните препарати.

-Една вреќа ѓубре од 25 килограми сега чини 1.650 денари, а ќе се покачат и цените на хербицидите, што значи дека трошоците по декар се зголемени за сто отсто. Со сегашните откупни цени не можеме да ги покриеме давачките, а не станува збор за заработувачка. Затоа очекуваме арпата да се откупува по 40 денари, а белиот ориз по 80 денари за килограм – истакна за МИА Стојче Ташевски, земјоделец од Облешево.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:оризопроизводители
Претходен напис Во Струга во јуни ќе се одржи прв бизнис саем за риби и риболов
Следен напис Скопјанец купувал пченка преку оглас на Фејсбук – Платил 1.000 евра, а пченка не добил
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?