Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Во срцето на Битола“ – ЗУР Македонски ракотворби традиционално и оваа година на Широк Сокак
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > „Во срцето на Битола“ – ЗУР Македонски ракотворби традиционално и оваа година на Широк Сокак
Магазин

„Во срцето на Битола“ – ЗУР Македонски ракотворби традиционално и оваа година на Широк Сокак

Објавено 28/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЗУР Македонски ракотворби по 17-ти пат ја организира манифестацијата ВО СРЦЕТО НА БИТОЛА на добро познатата локација на Широк Сокак помеѓу „Стопанска банка“ и киното „Манаки“ со учество на ракотворци од целата држава. Како и секогаш, ракотворците со своите ракотворби го украсуваат градот на иста локација од 27 јули до 2 август.

„Манифестацијата е со долг стаж, ја организираме со гости – ракотворци од други градови на Македонија. ЗУР останува доследен на својата мисија во зачувување, вреднување, афирмирање и презентирање на македонската култура и традиција. Битолчани и сите кои минувате низ Битола деновиве, ве поканувам да ја посетите манифестацијата и да им дадете поддршка на македонските ракотворци“, вели Снежана Јанкулова, ЗУР Македонски ракотворби – Битола.

No description available.



Успешен настап членовите на ова Здружение имаа и на 15-то издание на Локум фест, кој се одржа на 23 и 24 овој месец на пешачката зона покрај Драгор, кај Старата битолска чаршија. На крајот на месец јуни го завршија и проектот Жените можат – работилници за накит и изложба како завршен дел од проектот поддржан од Општина Битола.

No description available.

Здружението постои 17 години и ги промовира културата и традицијата. Во нивните активности не спаѓаат само плетење и везење, туку имаат и членки сликари на стакло, порцелан, филигран од срма, изработка на предмети од дрво, се изработуваат макети на цркви од песок, од камен, од природни материјали, а како што вели Снежана Јанкулова, член на ова Здружение, работат тимски и организирано.

No description available.
No description available.

Исто така ова Здружение во изминатите 15 години има реализирано и бројни проекти меѓу кои се: Куќа на културата и традицијата, поддржан од Министерство за култура и Светска банка, Win-Win Жените во мрежа за иновативност и претприемништво – кофинансиран од ЕУ и националните фондови на земјите учеснички во рамките на ИПА-програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013 г., Колонија на ракотворци од различна културна и етничка припадност Буково 2014, кофинансиран од Генералниот секретаријат на владата на РМ, „Во Срцето на Битола“, манифестација која се одржува 15 години во континуитет во рамките на Бит фест – финансиран од општина Битола и Министерство за култура, „Со љубов за Пустец“, донација на 2000 книги и ракотворби во општина Пустец, Р. Албанија – поддржан од општина Новаци и многу други.

No description available.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:битолаЗУР македонски ракотворбиширок сокак
Претходен напис Марјанчо Арсов од Пробиштип повеќе од 25 години се занимава со пчеларство: „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“
Следен напис Обука за подобрени советодавни услуги за земјоделците преку проектот РАМОНЕС-ПЛ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?