Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Скопје се одржува конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Скопје се одржува конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија”
Магазин

Во Скопје се одржува конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија”

Последна измена: 25/10/2023 10:13
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во организација на Македонското здружение за обновливи извори на енергија МАРЕС денеска се одржува конференција насловена „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија”.

Енергетскиот сектор е еден од најзначителните сектори и е приоритет на Владата, истакна на отворањето на настанот министерот за економија, Крешник Бехтеши.

Тој додаде дека една од главните цели на Владата е инвестирање во зелена енергија.

-Само во рок од година и пол во нашата држава во мрежа имаме една третина од предвидените мегавати во Стратегијата за развој на енергија на Владата, нагласи Бехтеши.

Потенцираше дека денес во нашата државата над 170 илјади домаќинства се снабдуваат со зелена енергија.

Директорот Европската банка за обнова и развој ЕБРД, Фатих Тутменоглу, истакна дека ЕБРД го пронајде клучот на транзицијата на електричната енергија во приватниот сектор и токму затоа го поддржува МАРЕС.

Тој нагласи дека инвестирале и ќе продолжат да инвестираат во Република Македонија.

Според Стратегијата на Владата, до 2030 година треба да се реализира зелената транзиција, односно необновливите извори на енергија да се заменат со обновливи. Изразено во бројки, инсталиран капацитет од 1.000 мегавати треба да се замени со инсталиран капацитет од 4.000 мегавати, затоа што еден мегават од јаглен не е исто што и еден мегават од обновлив извор. Со цел побрза интеграција на оваа транзиција, осум инвеститори, со заедничко портфолио на инвестициите од околу 1 милијарда евра, формираа Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС). 

МИА

Може да ви се допадне

Во Скопје утре авионска дезинсекција против комарци
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Универзална маринада за сите видови месо! Совршена за ребра и пилешки крилца
Денес е 1 Мај, денот кога работничката солидарност напиша историја
Таг:За зелена иднинаконференцијаСкопје
Претходен напис Стојкова: Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови
Следен напис Отворен најголемиот регионален онлајн саем за вработување – повеќе од илјада огласи за вработување!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?