Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стојкова: Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стојкова: Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови
Агровести

Стојкова: Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови

Објавено 25/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови со што проблемот со нив не може да се реши брзо и покрај постоењето на Стационар за бездомни кучиња „Лајка“.

Оваа оценка ја искажа директорката на Стационарот, Сузана Стојкова, која информираше дека 90 отсто од постоечкиот број на кучиња е третиран.

– Имаме неофицијални податоци за носење на кучиња во Струмица со комбиња од Тетово и Гостивар и камион со сина церада со непознати регистарски таблички. Затоа апелирам до граѓаните секоја ваков случај да го евидентираат и фотографираат и да ни помогнат во пронаоѓањето на сторилите, вели Стојкова.

Ова изјава на Стојкова доаѓа по вчерашната конференција на Локалниот совет за превенција, на која беше забележано дека граѓаните генерално се чувствуваат безбедно, а тие што не се чувствувале така како главен проблем ги посочиле кучињата скитници.

Инаку, од 1 февруари годинава кога е формиран Стационарот за бездомни кучиња во Струмица и досега се заловени 475 кучиња, од кои се третирани сите. На локации од каде се заловени се вратени 324, евтанизирани се 53, а стелизирани и кастрирани се 353 и се вдомени 63 кучиња.

Од Стационарот апелираат до сопствениците да имаат одговорно сопствеништво и да ги чипираат и стерилизираат кучињата, а во тек е и јавна кампања за подигнување на свеста за вдомување. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бездомницикучињаСтојковаСтрумица
Претходен напис ЦУК: Вчера 10 пожари на отворено, сите се изгаснати
Следен напис Во Скопје се одржува конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?