Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Скопје претставување на „Експо 2027 Белград“, македонскиот павилјон ќе настапи со мотото „Сите ритми на сонцето“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Скопје претставување на „Експо 2027 Белград“, македонскиот павилјон ќе настапи со мотото „Сите ритми на сонцето“
Агровести

Во Скопје претставување на „Експо 2027 Белград“, македонскиот павилјон ќе настапи со мотото „Сите ритми на сонцето“

Објавено 08/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Отворен ден, на кој ќе бидат презентирани можностите за учество и соработка, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на „Експо 2027 Белград“, во соработка со македонскиот павилјон „Сите ритми на сонцето“ (All Rhythms of the Sun).

Првиот воведен настан, посветен на претставувањето на проектот „Експо 2027 Белград“, на кој ќе бидат презентирани визијата на претстојната специјализирана изложба, можностите за соработка и вмрежување, како и перспективите што „Експо“ ги нуди во повеќе области, ќе се одржи во „Јавна соба“, во периодот од 12 до 15 часот. 

Директорот на „Експо 2027 Белград“, Данило Јериниќ, ќе го отвори настанот со поздравно обраќање и претставување на промотивното видео.

Потоа следува сесијата „Како да учествувате на ‘Експо 2027’ преку програми“, на која ќе бидат претставени можностите во рамките на програмата за образовни институции, организации, спортски федерации и партнери. За програмата и содржината ќе говори Марина Пејовиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што е предвидена сесија со прашања и одговори.

Следува сесијата „Експо 2027 како деловна платформа“, посветена на поврзувањето на глобалните економии и развивањето нови партнерства. Презентацијата ќе ја има Оливера Ковачевиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што ќе следува сесија со прашања и одговори.

Во 13.30 часот ќе биде претставено промотивното видео за Македонија, видео на повеќе јазици со кое се промовира македонскиот вински сектор.

Следува презентација за туристичкиот сектор, односно за излезниот туризам, проследена со вмрежување. На сесијата ќе учествуваат тимот на „Експо“, туристички институции и даватели на услуги за влезен туризам, македонски агенции за излезен туризам и други учесници.

Во пресрет на настанот, претходно, во 10 часот е предвидена неформална средба со претставници на „Експо“, на која медиумските претставници ќе имаат можност за директна средба, како и интервју со Данило Јериниќ, директор на „Експо 2027 Белград“.

По неформалната средба, следува прес-конференција, на која ќе се обратат директорот Јериниќ и Александар Велиновски, комесар на македонскиот павилјон.

„Експо 2027 Белград“ е специјализирана изложба, која ќе ги поврзе земјите, институциите, организациите и деловниот сектор, со можности за воспоставување нови партнерства и соработка, како и за презентација на разни области, меѓу кои образованието, спортот, економијата и туризмот.

Експо 2027 Белград

Може да ви се допадне

Франција поради жештините и сушите очекува најниско производство на вино во овој век
(ВИДЕО) Серафимовски: Во Прилепскиот регион, просечната откупна цена на пиперката е зголемена на 25 денари
Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Северна Македонија и Косово
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година
ЕУ со нов модел на проширување: што се менува?
Таг:Експо 2027 БелградпавилјонСите ритми на сонцетоскопје
Претходен напис Сончево и релативно топло со мала локална облачност
Следен напис Франција поради жештините и сушите очекува најниско производство на вино во овој век
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?