Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народната банка со поддршка за родовата еднаквост во корпоративното лидерство и квалитетното управување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народната банка со поддршка за родовата еднаквост во корпоративното лидерство и квалитетното управување
Агровести

Народната банка со поддршка за родовата еднаквост во корпоративното лидерство и квалитетното управување

Објавено 24/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицегувернерката на Народната банка, Арљинда Хасани Синани, на дискусијата „Жените во корпоративното лидерство во Северна Македонија: Од сознанија до акција“ укажа на заедничката одговорност за унапредување на родовата еднаквост. Таа посочи дека инклузијата не треба да се однесува само на жените кои веќе имаат пристап до раководни позиции туку и на оние кои се соочуваат со дополнителни пречки за вклучување во економските текови.

„Нашата цел не треба да биде само да има повеќе жени на највисоките раководни позиции туку да градиме општество во кое секоја девојка и секоја жена ќе има еднаква можност да ги развива своите потенцијали и да успее, ова го нагласувам земајќи го во предвид големиот број жени кои воопшто не се пријавуваат како баратели на работа на пазарот на трудот. Треба да ги анализираме причините зошто овие жени воопшто не се ангажирани. Вистинскиот напредок е оној во кој никој не е изоставен“, порача вицегувернерката Хасани Синани на дискусијата, организирана од „Жени во корпоративните одбори – Јадрански регион“  (Women on Boards Adria – WOBA),  во соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Во контекст на економското јакнење на жените, Хасани Синани ги посочи активностите на Народната банка за подобрување на пристапот на жените до финансии и поддршка на женското претприемништво.

Со учеството во дискусијата, Народната банка ја потврдува својата поддршка за унапредување на еднаквите можности, доброто корпоративно управување и економското јакнење на жените, како важни предуслови за поинклузивен и одржлив економски раст.

- Реклама -
Ad image

Народна банка

Може да ви се допадне

Улогата на жените од руралните средини во управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан
Дел од општина Гази Баба и село Катланово без струја
Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни
Подигнете нов насад со ЛЕШНИЦИ, ОРЕВИ, КАЈСИИ и други овошни култури со 60% грант преку ИПАРД
ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД!
Таг:лидерствоНародната банкародовата еднаквост
Претходен напис Суфле од јајца со три вида сирење
Следен напис Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги за „Изработка на стратегија за одржлив развој на шумарството (2027–2047) и акционен план за нејзино спроведување“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?