Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во првите шест месеци од годинава извозот изнесува 3,4 милијарди евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во првите шест месеци од годинава извозот изнесува 3,4 милијарди евра
Агровести

Во првите шест месеци од годинава извозот изнесува 3,4 милијарди евра

Објавено 05/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 210 122 464 илјади денари и бележи пораст од 39.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 286 095 298 илјади денари, што е за 38.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 75 972 834 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 73.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – јуни 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 3 408 966 илјади евра и бележи пораст од 39.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 641 495 илјади евра, што е за 38.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 1 232 529 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 4 107 745 илјади САД долари и бележи пораст од 51.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 591 597 илјади САД долари, што е за 51.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 1 483 852 илјади САД долари.

Државен завод за статистика

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:увоз
Претходен напис Хоџа: Утре ќе бидат исплатени субвенциите за одгледувачите на овци и за градинарите
Следен напис Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс” и „твикс” на производителот „Дукатос”?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?