Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Прилеп се одржа конференција за вклучување на младите во зеленото претприемништво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Прилеп се одржа конференција за вклучување на младите во зеленото претприемништво
Агровести

Во Прилеп се одржа конференција за вклучување на младите во зеленото претприемништво

Објавено 11/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се креира иновативна платформа за знаења и менторска поддршка за младите за да започнат зелени претприемачки потфати. Тоа ќе биде значен придонес на зголемувањето на домашното производство на храна, беше нагласено на денешната конференција во Прилеп за промоција на зеленото претприемништво и можноста да се вклучуваат младите и, воедно да ги предводат промените во зелената транзиција. Конференцијата ја организираше невладината „Лаг Агро Лидер“ во соработка со партнер-организациите од Словенија, Шпанија, Италија, Кипар и Грција.

-Со нив заедно, изминативе две години работевме на креирањето на иновативната платформа за да може младите да пристапат до знаења, а и до менторска поддршка за да започнат свои зелени претприемачки потфати и со поддршка на „Еразмус – програмата“ и понатаму продолжуваме да работиме на знаењата и поттикнување на младите да се вклучат во светот на зеленото претприемништво. Ова ќе значи дека младите ќе може да добиваат менторска, советодавна поддршка и истовремено да ги поврзуваме со бизнис заедницата и со можности за гарантирање за да ги започнат своите зелени бизниси, изјави Марина Тошеска, претседател на „Лаг Агро Лидер“.

Во прилепското средно училиште „Орде Чопела“ е реализирана изработената платформа.

-Платформата содржи неколку дигитални алатки кои ни помогнаа полесно да ги доближиме зелените вештини и да влиаеме за подигнувањето на свеста кај учениците за промена и заштита на животната средина и на биодиверзитетот, рече Ѓорѓија Гагалески, професор во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп.

Искуствата од земјите партнери се добри кои се трудат младите да останат во државата и во руралните средини и да произведуваат храна.

-Го бараме начинот младите да ги задржиме, да не се иселуваат и да произведуваат во руралните средини. За да го постигнеме тоа ни е потребна поддршјката од владата со мерки но и од локалните заедници, рече Мигел Ангел Викарио од Шпанија.

Агрономот Филип Димкоски вели дека кај нас се потребни регулативи кои ќе им помогнат на младите.

-На младите им е потребна не само финансиска, туку и едукативна помош за да се сфати важната улога на земјоделството, бидејќи без земјоделство нема храна, а без храна не може да се опстои. Една држава не може да биде независна ако не произведува храна. Што побрзо го сфатиме тоа и дека мора да работиме, тогаш успехот секако ќе дојде, рече Димкоски.

Конференцијата се одржа во просториите на градската библиотек „Борка Талески“ во Прилеп.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зеленото претприемништвоконференцијамладитеПрилеп
Претходен напис Стапи во сила Регулативата на ЕУ за пакување и отпад од амбалажа 
Следен напис Трипуновски: Целосно сме посветени кон зголемување на извозот на македонски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?