Имав плодна дискусија на работниот состанок со претставниците од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопански комори, Федерација на фармери и Македонска асоцијација на преработувачи, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Тема на разговор беше размена на информации и спроведување на активности за поттикнување на извозот на македонските земјоделски и прехранбени производи на меѓународниот пазар.
Целосно сме посветени кон зголемување на извозот на македонски производи надвор од границите.
Нашите производи да бидат препознатливи и достапни во светот.