Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Прилеп почна традиционалниот саем на медот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Прилеп почна традиционалниот саем на медот
Магазин

Во Прилеп почна традиционалниот саем на медот

Објавено 12/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска до сабота во центарот на Прилеп, по 14-ти пат се одржува Саем на медот што го организира прилепското здружение на пчелари „Братство“. На саемот се изложени повеќе пчелни производи.

За пчеларите годинава е просечна, ама проблемите остануваат. Глвно климатските промени, а намалувањето на сточарството со годините го преполови производството на мед во земјава.

-Оваа година беше просечна за производството на медот. Се одразија пролетните обилни дождови, а потоа и топлотниот бран. Сепак е задоволителна година, зашто имало и многу лоши периоди. Многу се одразуваат временските неприлики и флората и фауната. Со намалувањето на сточарството, се намалува количински и производството на мед, како што се уништува сточарството се уништува и медоносната трева. Една од причините е и уништувањето на шумите. Појасите од багреми се намалуваат, се помалку се сеат репи, сончогледи кои го зголемуваат приносот. Со годините, за 50 насто е намален родот, изјави Дејан Бошкоски, претседател на прилепското здружение на пчелари „Братство“.

За пчеларите најголем проблем останува нелојалната конкуренција и увозот на „лажен“ мед. Сметаат дека нема доволна контрола,а намаленото производство влијае да се има организиран извоз.

– Внесот во државава на неквалитетен, „лажен“ мед негативно се одразува на медопроизводството. Се увезува од други земји, со гликози е од и генетски модифицирани производи. Недоволно се контролира, и од царината и од инспекциските служби што се увезува. Организиран извоз немаме зашто и количински не задоволуваме за да го извеземе. Недостасуваат младите пчелари, зашто повеќето се возрасни. како здружение се трудиме да ги вклучиме, но нчесто неисплатливоста ги разубедува и мора да имаат и друга дејност, смета Бошкоски.

Пчеларите не се откажуваат да го унапредат производството и да се живее од пчеларството.

-Јас сум млада пчеларка. Наследив од татко ми и од дете сум со пчелите и со производството на мед. Имаме 25 пчелни семејства, настојуваме да ги зголемиме. На потрошувачите им велам да внимаваат каков мед купуваат. А има интерес за чист мед, рече Флорина Бошкоска, млада пчеларка од Прилеп.

– Ја зголемуваме понудата и на пчелни производи и услуги. За квалитетно и поголемо производство ги преселуваме кошниците на побогати медоносни пасишта. Но има и ризик. Еве годинава мечка ми уништи две кошници, што не се случило досега, вели искусниот пчелар Зафир Зафироски.

Во Прилеп се околу 200 пчелари, повеќе од половината се членови на пчеларското здружение „Братство“. Инаку,во Прилеп медот се продава од 600 денари па и повече за еден килограм. За пчеларите која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:медотприлепсаем
Претходен напис Приведени дрвокрадци во Тетовско
Следен напис Свежо утро, а преку денот сончево и топло до 29 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?