Во пожар во битолското село Кажани изгоре фармата на Дитурим Рустемовски во која во моментот на пожарот имало 20-ина крави. За среќа, поголемиот дел од животните сопственикот успеал да ги спаси. Угинало само едно, а две се со изгореници.
Изгореле и околу 8.000 бали сено, слама и луцерка, односно целата храна која сопственикот ја обезбедил за неговите животни.



Сторителот е фатен и за него е поднесена кривична пријава.





„Шталата ја правевме со мерак, голема е, со димензии 28х17 метри и висина 5,5 метри со железна конструкција. Сега животните се надвор, ќе се обидеме некако да ги заштитиме, но за жал ни изгоре целата храна што ја имавме подготвено за нив. Би сакал да упатам еден апел до општините и надлежните институции, како и до секого кој може да ни помогне на кој било начин за животните да останат згрижени и нахранети“, вели сопственикот на фармата Дитурим Рустемовски.



