Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во подружниците на Пошта од денеска повторно може да се плаќаат сметки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во подружниците на Пошта од денеска повторно може да се плаќаат сметки
Агровести

Во подружниците на Пошта од денеска повторно може да се плаќаат сметки

Објавено 01/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Граѓаните од денеска повторно ќе можат да плаќаат во готово преку шалтерите на Пошта. Системот од страна на Халкбанк е имплементиран и почнува да функционира платниот промет, согласно договорот потпишан со националната Пошта.Халкбанк АД Скопје, беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, откако претходно беше во прекин поради пропаѓање на Еуростандард банка.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во подружниците Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта, информираа од Халкбанк АД Скопје.

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта, ќе биде со поволни провизии, односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

-Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25 проценти од вкупниот платен промет во државата, наведоа во соопштение од Халкбанк.

Според најавите, во скоро време коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

Над 870 вработени во Пошта целосно или делумно извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги, а како што беше објавено на потпишувањето на договорот, од остварениот заеднички приход 71 отсто ќе биде за државната пошта, а 29 отсто за Халк Банка.

Платниот промет преку Пошта на РСМ беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:поштасметкиХалкбанк
Претходен напис Овоштарството главен извор на егзистенција во Пијанец по ликвидирањето на државните фирми
Следен напис Која е причината за порастот на цената на пченката во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?