Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Париз едно еколошки произведено јајце се продава за 1 евро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Во Париз едно еколошки произведено јајце се продава за 1 евро
Пазари

Во Париз едно еколошки произведено јајце се продава за 1 евро

Објавено 29/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради пандемијата од корона вирусот стратегијата на Европската комисија „Од нива до маса“ делумно заживеа без оглед на привременото одложување, но брзата трансформација на кратките синџири за дистрибуција во чекор го следи зголемувањето на цената на одредени производи.

Во Париз едно еколошки произведено јајце се продава по цена од 1 евро, што е зголемување на цената  за 100 % во однос на периодот пред кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Според пишувањето на Еуроактив, кратките синџири за дистрибуција предвидени со моменталната  стратегија на Европската комисија во Франција, ја заживеаа трговијата и покрај пореметувањето на пазарот кое настана поради вонредната состојба со корона вирусот.

Бидејќи побарувачката на јајца се зголеми и при тоа се  појави недостаток при снабдувањето  во продавниците, малите производители ги зголемија цените. Во Париз и околината еколошки произведените јајца се продаваат по цена од едно евро, наспроти 50 центи, колку што чинеа пред корона кризата.

„Откупувачите ова го искористија, но во голем град тешко е да се дојде до правилен пристап до производителите “, вели Паул, кој има продавница за органска храна во центарот на Париз.

Во Франција исто така  се во пораст и платформите за директна продажба на земјоделските производи. Некои од најпопуларните се Kelbongoo, Ruche qui dit Oui и продажната платформа на организацијата AMAP. Голем успех доживеа и проектот Drive fermier, каде прометот е зголемен  четири пати.

Побарувачката за производи кои пред кризата беа конзумирани во рестораните, како што е месото, сирењето, виното и жестоките пијалоци, е во опаѓање.

Може да ви се допадне

Хаос во Франција: Пумпите останале без гориво
Цените на горивата во ЕУ „експлодираа“: Германија и Франција меѓу најскапите, возачите бараат спас во други земји – каде горивото е најевтино?
Невообичаено високи температури во Европа: До 30 степени во Франција, 20 во Швајцарија
Франција ги заостри правилата за млеко за доенчиња по повлекување на одредени производи
Нов протест против Меркосур: 350 трактори низ главниот град на Франција
Таг:Еко производствоЕколошки јајцаФранцијаЦена на јајцата
Претходен напис До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта
Следен напис Зелениот пазар во Берово од утре повторно почнува со работа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?