Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети денеска присуствуваше на реализација на проект на Задругата Шари од Тетово.
-Денеска имав чест да учествувам на тридневната обука во рамки на проектот „Зајакнување на руралните средини: Поттикнување одржливоста во локалните заедници“, што го спроведува Задругата Шари со поддршка на Центарот за образование и развој (CED) во рамки на програмата “Empower Europe” на донаторот We Effect Europe, организирана во Попова Шапка Тетово.
Овој пројект претставува амбициозна иницијатива насочена кон поттикнување на одржливиот развој во Националниот Парк Шар Планина, за да се создаде хармоничен баланс помеѓу зачувувањето на животната средина и социо-економскиот развој на локалното население.
Им се заблагодарив на организаторите за оваа обука и проект кој поттикнува одржлива поддршка за земјоделството и сточарството.
Ги информирав и за годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија, со цел да се воспостави подобра соработка меѓу министерството и производствените организации за одржливо управување со природните ресурси, стабилизирање на производството на храна, подобрување на стабилноста на пазарот и профитабилноста на сточарството, а со тоа и на земјоделството.
Министерството за земјоделство ја поддржува оваа соработка преку повеќе програми, пред се преку Програмата за земјоделство и рурален развој, ИПАРД програмата и други проекти финансирани од Европската Унија и други меѓународни донатори.
Дел од обуката беше и посета на локални фарми во регионот на општина Бервеница, каде имавме можност да видиме практични примери за одржливо земјоделство. Им благодариме на земјоделците Хасим Салии, производител на компир во село Седларце и Вели Деари, одгледувач на пиперки, за нивното гостопримство и споделување на нивното драгоцено искуство.
Фејсбук статус на Флакрон Беџети – Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.






