Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Александар и Емилија од Олевени: Има пари во земјоделството, ако се работи како што треба


Времето студено, новогодишните и божиќните празници штотуку изминаа, а  32 годишниот Александар не пречека во дворот  работно хранејќи ги животните во неговата мини фарма.

,,Оваа работа е таква , не знае за празници и за студ” – видно расположен Александар, ни посака срдечно добредојде.

Александар и Емилија Лазаревски од битолското село Олевени  се млад брачен пар кој веднаш по стапувањето  во брак, пред 5 години  основале своја мини свињарска фарма. Започнале со само неколку мали прасиња, а денес имаат околу осудумдесет грла.

Емилија е родена во Битола и по професија е нутриционист.

,,Кога Александар  купи мали прасиња јас прв пат во мојот живот видов живо прасе. Но полека, полека секако со помош на свекрва ми научив” -вели таа.

Емилија и Александар сами го водат овој бизнис од кој велат дека се задоволни. Во работата им помага и мајката на Александар но главно тие двајцата ја работата целата работа, учејќи најмногу од искуството. Каде добро, каде ќе ја погрешат но важно желбата за успех ги мотивирала да продолжат да работат и да се усовршуваат.

Александар патувал во повеќе земји како Шведска Данска ,Турција, Србија и секаде посетувал по неколку свињарски фарми.

,,Гледав како е таму прашував , учев и колку што можам се трудам на нашата мини фарма да применувам по нешто ново. Ете на пример во повеќето фарми прасињата лежат на слама, а во мојата боксовите се послани со талаш“

Заработката им е исклучиво од продажба на прасињата

,,Почнувајќи од ноември продадовме повеќе од шеесеттина прасиња-вели Александар. Сега се останати уште седумнаесет но веќе размислувам да го зголемам бројот за наредната година.

Кога се појави Африканската свинска чума малку се загрижив. Присуствуваме на советувањата што ги организираше Агенцијата за храна и ветеринарство, ги послушавме нивните совети во врска со биосигурносните мерки . Се трудиме да ги приенуваме колку што можеме повеќе и засега немаме никаков проблем. Нашите свињи се во затворени простории внимавам на хигиената максимално и мислам дека нема да имаме проблеми и во иднина – вели Александар.

Од пред 2 години тие почнале да одгледуваат и овци. Александар добил две јагниња како компензација за некоја работа и почнал да го зголемува стадото кое сега брои 25 овци.

,,Продавам и јагниња но само машки. Целта ми е да го зголемам стадото. Мелекото од овците го преработуваме во сирење но засега само за домашни потреби. Кога ќе имаме повеќе сигурно и тоа ќе го правиме за да го продаваме”.-вели Александар

Почнале речиси од ништо но задоволни  се од тоа како се развиваа нивниот бизнис. Успеале да ги зголемат и површините обработлива земја кои главно ги сеат со пченица , јачмен сончоглед, а имаат и ливади. Поточно произведуваат  храна за животните во фармата. Сега обработуваат околу 20 хектари земја. Успеале да купат и трактор, комбајн, балирачка, прскалка приколка и др. Сето тоа исклучиво од свињарството.

,,Моите планови  се  фокусирани главно на производството на месо. Оваа пролет започнувам да градам амбар каде што ќе ја складирам храната за животните, а исто така сакам да ги проширам и боксовите каде што се прасињата за што мојата сопруга аплицираше на повикот за Рурална жена, па ќе видиме”.

 Емилија всушност е носителот на целото земјоделско стопанство што го имаат. По професја е нутриционист па успеала и својата струка да ја примени на нивната фарма.

,,Морам да ви се пофалам со колбасите што ги прави Ема. Од првокласно свинско  месо и по стар традиционален рецепт. Годинава направивме колу 100 килограми колбаси. Посебно се убави затоа што се чадени на слама” – вели Александар .

 Домаќините спремиле и за нас да ги пробаме  и мора да признаеме дека се навистина исклучително вкусни. Секоја чест за Емилија.

Сонот на овие двајца млади луге  за во иднина е да изградат сопствена кланица и да продаваат исклучиво квалитено месо од домашно производство, а исто така и домашни преработки од месо и млеко.

,,За да го стварам својот сон потребни ми се повеќе пари. Ги следам  повиците од ИПАРД програмата и можеби  ќе се одлучам да аплицирам за некој од нив. Имам проблем што повеќето земјоделци од овој регион го имаат а тоа е легализацијата на објектите, но верувам дека и за тоа ќе се најде решение. Јас знам дека во свињарството не можам да бидам прв но ќе се трудам да бидам што е можно подобар. Да, секако дека има пари во земјоделството но само ако се работи како што треба. Всушност како и во секоја друга дејност” -се смее Александар

Видовме многу ентузијазам и оптимизам кај овој млад брачен пар.  Велат дека само она што човек ќе го  сработи за себе е сигурно и доходовно. Човек што работи секогаш ќе може добро да живее.

Билјана Џима

Јан 11, 2020agrotim2
Димковски: Земјоделците да не потпаѓаат на лажни вести и шпекулации, никој нема да ги поништи огласите за земјаИванов: Голем број млади земјоделци од штипскиот регион аплицираа на јавниот повик 03/19
Коментари: 3
  1. Aleksandar
    11/01/2020 во 21:12

    Cestitki I podrska za aleksandar I ema I samo napred.

    ОдговорОткажи
  2. Aleksandar Andonovski
    11/01/2020 во 22:39

    “samo napred” vi posakuvam uspeh vo se ona sto go imate zamosleno za napedok vo vasata rabota, bravo!!

    ОдговорОткажи
  3. Љупчо
    12/01/2020 во 08:01

    Браво за колегите,поздрав од Мато-фарм

    ОдговорОткажи

Напишете коментар Откажи одговор

11/01/2020 3 коментари МагазинАлександар Лазаревски, Свињарска фарма во Олевени, свињарство, село Олевени5,027

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019