Комарците го обожаваат ова летно време и веќе почнаа да напаѓаат. Меѓутоа постои начин како да се спасите од нив.
Ако не сакате да употребувате разни хемиски средства за заштита од комарците, постои домашен препарат кој сигурно ги одбива – и тоа не само комарците туку и мувите.
Многу е едноставен и евтин, а потребни ви се само две состојки: еден лимон и зачинот каранфилче.

Подготовка:
Лимонот сечете го на половина, а потоа во секоја половина забодете по неколку каранфилчиња. Потоа лимонот ставете го покрај местото каде што спиете и тој успешно ќе ги избрка комарците од вашата спалана соба.
Тие што пробале велат дека делува и против муви и мрави, а како бонус ова е добар начин да ја освежите просторијата.
