Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Куманово почнаа саемите за органска храна и за земјоделство, технологии и храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Куманово почнаа саемите за органска храна и за земјоделство, технологии и храна
Агровести

Во Куманово почнаа саемите за органска храна и за земјоделство, технологии и храна

Објавено 27/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Куманово почна седмиот меѓународен саем „Органска трпеза“ за органски и традиционални производи и третиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „АгроМак“.

Производителите од државата и регионот бараат максимална поддршка од надлежните за развој на органското производство. Бројни излагачи ги презентираа производите на отворено пред комплексот базени во Куманово, најмногу производители на мед, чаеви, јаткасти производи, домашна традиционална храна, разни видови семиња. Производителите велат дека овие производи се квалитетни и се влог за здрав живот.

-Особена одговорност е да се организира ваков саем кој на еден начин е платформа за поврзување на сите инволвирани страни и е можност за промоција на органското земјоделство, одржливиот развој и зачувување на традиција. Целта е заеднички да се постигнат резултати за да го поттикнеме и развојот на локалната економија, да ги унапредиме нашите производи на мапата на глобалниот пазар, рече претседателката на здружението „Живот“, Благица Цветковиќ.

Производителите се надеваат дека манифестацијата ќе придонесе да се зголеми интересот кај граѓаните за користење органски производи, но и дека претставува убава можност на која се запознаваат меѓу себе, разменуваат искуства и идеи за понатамошно ширење на производството.

– Меѓународен настан седма година можеби годинава поскромно, но факт е дека се трансформираше во традиција на органско производство и храна. Следната година очекувам преку тимска работа поголемо присуство, поголеми резултати. Ве охрабрувам и поддржувам да продолжиме заедно, рече на отварањето градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. 

Органското производство е иднина, но потребно е да се поврзат. Претседателот на комората на органски производители, Драган Цветковиќ, очекува повеќе посетители излагачи во текот на утрешниот ден.

– На претходно одржаниот состанок со претставниците од науката пристигна иницијатива од штипскиот Факултет за земјоделство да се одржи научна бизнис конференција. Бирократијата насекаде и не само во земјодлеството умее да биде предизвик, она на што работиме е да го промовираме. Како и да е, нема ништо поскапо од здравјето, рече Цветковиќ.

Саемот е предвидено да трае наредните дваа ден од викендот. 

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:земјоделствокумановоорганска хранасаемитетехнологиихрана
Претходен напис Раст на извозот на храна од ЕУ во првата половина од 2024 за 116,4 милијарди евра 
Следен напис Да напишеме оглас – Се молат сериозните компании да се јават да организираме Договорно производство, вака веќе не оди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?