Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кавадарци промовирана програмата за тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Кавадарци промовирана програмата за тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер“
Магазин

Во Кавадарци промовирана програмата за тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер“

Објавено 06/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Богата фестивалска програма со многу настани за сите генерации, беше најавена денеска на прес-конференција во Кавадарци, посветена на тридневната стопанско – културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“, што ќе се одржи на 8, 9 и 10 септември.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека се очекува масовна посетеност, нагласи дека се е подготвено, за успешно и безбедно да се реализира настанот. Јанчев се заблагодари на сите што даваат поддршка на манифестацијата.

– „Тиквешки гроздобер“ е традиција, а традицијата треба да се негува и збогатува, нагласи градоначалникот, информирајќи дека Општината во организирањето учествува со пет милиони и триста илјади денари, а околу шест милиони се донации.

На „Тиквешки гроздобер“ ќе има и вечер посветена на Никола Бадев и филм за Васил Хаџиманов.

Активностите стартуваат во петок со кошаркарски турнир „Сестри Китеви“ во  С.Ц. „Јасмин“. На агендата се и возење со туристичкиот воз и детски фестивал, концерт на „Музичка младина“,  настап на „Акустико бенд“ и „Трио гранде бенд“, Андријана Јаневска, Слаткаристика и Зера, презентација на филм за Хаџиманов.

Сабота е ден со настан посветен на баронот на народна музика Никола Бадев, мото рели, карневал, настап на „Трио манифико бенд“, „Акустико лајт бенд“, Барбара Ракичевиќ, Мартија Станојковиќ,  Харис Џиновиќ и Халид Бешлиќ.  

Во недела, на програмата се изложба на олд тајмери, таблијада, детски карневал, изложба на дела од скулптурот Слободан Милошевски, настап на „Галакси бенд“, „Харизма бенд“, Лина Пејовска, Дарко Лазиќ и Лепа Брена. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:КавадарциманифестацијапрограматаТиквешки гроздобер
Претходен напис Новиот повик од ИПАРД 3 е објавен, каде завршија и за што се искористија парите од ИПАРД 2 програмата: 10 успешни приказни
Следен напис Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?