Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари
Агровести

Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Објавено 06/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов.

Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна србија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.

-Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.

Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото.

Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи. 

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:40 денаризголемиСарафимовсвинското месоЦена
Претходен напис Во Кавадарци промовирана програмата за тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер“
Следен напис Николовски: Од 12 септември започнува теренска информативна кампања за новата ИПАРД 3 програма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?