Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кавадарци поставена био компостара органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кавадарци поставена био компостара органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво 
Агровести

Во Кавадарци поставена био компостара органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво 

Објавено 30/09/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Био компостара е поставена во дворот на средното општинско училиште ,,Киро Спанџов – Брко”, органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво за потребите на градот. Машината ја произведе фирмата Спектар 21 од Кавадарци под менторство на професор др Димитрија Ангелков од ова училиште и машински инженер Витомир Ѓорѓиев, сопственик на компанијата. 

 – Со  проектот сакаме да ја зголемиме совесноста кај граѓаните да ја полнат со органски отпад. Партнер во проектот ни е јавното комунално претпријатие ,,Комуналец” како фирма што ги има сите лиценци за собирање и третман на отпад. Проектот е од особено значење за хигиената во градот, затоа што 70 проценти од отпадот, е отпад од органски карактер. Проектот позитивно ќе делува на заедницата затоа што дава пример како од отпад може да се направи органско ѓубриво, што дури до пет пати  ја смалува тежината на  поставениот отпад во неа, рече професорот Ангелков во изјава за МИА. 

Тој појасни дека компостирањето е природен начин да се разложи органската материја во богата супстанција наречена ѓубриво.

– Тоа е прекрасен балсам за Земјата. Компостирањето е едноставен процес за третирање на секојдневниот кујнски отпад. Микробиолошка конверзија на органски остаток од растенија и животни како габи и бактерии во достапноста на кислород. Се ослободуваат и различни би-производи како јаглерод диоксид, топлина и вода. Помага во претворање на распадната органска материја во растително ѓубриво. Има темно кафеава боја и личи на земја. Понекогаш процесот на правење компост може да резултира со мирис на скапан отпад, но внимателното управување може да го контролира тоа. Содржи важни хранливи материи како фосфор, калиум и азот. Содржи многу корисни минерали кои обезбедуваат правилен раст на растенијата и се богати со хумус, рече Ангелков. 

Компостирањето органски отпад, додаде,  е релативно лесно за ракување. 

– Тоа може да се направи во голем обем во речиси секој внатрешен или надворешен амбиент, како и во речиси секоја географска област. Компостирањето може да управува со повеќето органски отпад во протокот на отпад, вклучувајќи отпад од ресторани, лисја и отпад од дворови, отпад од фарма, животинско ѓубриво, животински трупови, производи од хартија, отпадна тиња, дрво и други органски материјали. Може лесно да се вклучи во кој било план за управување со отпад, истакна професорот. 

Видови отпад вклучени во компостот се отпад од органска храна, хортикултурен отпад и земјоделски отпад. 

– Дури 1/3 од целокупно произведената храна завршува во отпад. Ако на ова ја додадеме и огромната количина на градинарски отпад кој се креира од парковите и дворовите, ни станува јасно како био-отпадот претставува над 70 отсто од вкупно произведениот. Кога овој отпад неправилно се разлага, ослободува стакленички гасови кои директно влијаат на климатските промени и на загадувањето, нагласи Ангелков. 

Решението е, рече,  да се креира градска компостара во секоја општина, каде населението и чинителите од бизнис заедницата ќе го одлагаат градинарскиот и отпадот од храна, а од него наместо да загадува, ќе се креира компост.

– Резултатите би биле, прибирањето на био-отпадот и негово компостирање драстично ќе ги намали емисиите на стакленички гасови кои ги произведуваме, директно ќе влијае на трошоците за транспорт на овој отпад кои ги прави Градот, а и ќе имаме празни контејнери и чиста околина. Ова се придобивките на компостарите,  ќе го намалат комуналниот отпад за околу 70 отсто, биоотпадот го претвораат во органско ѓубриво, ќе го намалат трошокот за транспорт и депонирање на отпад за околу 70 проценти, ќе елиминираат самозапалување на депонии, ќе го намалат количеството испуштени стакленички гасови, ќе го доближат градот до постигнување на целта „Нула отпад“,  ќе ги зголемат одржливоста и отпорноста на градот – ќе отворат можност за креирање партнерства меѓу институциите, здруженијата и бизнисите, појасни професорот. 

Задоволство изрази и директорот на училиштето, Душко Лазов. 

– Нашето училиште покрај воспитно -образовната компонента која што ни е основна работа, во пракса реализираме и други воннаставни активности кои што се од интерес на учениците, училиштето, а и на самата локална заедница. Овие активности ги реализираме заедно со наши ученици и ментори од страна на наставниот кадар, но често пати и во соработка со локалната заедница, со некоја од институциите или компаниите со коишто имаме соработка. Една од тие активности е и овој проект кој го реализиравме тимски со наши ученици, ментор кој е од редот на нашите професори и фирмата Спектар 21 од Кавадарци, рече Лазов. 

Тој потенцираше дека ова е добра практика која што треба сите да ја практикуваме бидејќи е за општо добро за животната средина и за сите нас. 

– Имено се работи за преработка на отпадоци од храна кои преку посебна технологија се преработува и се претвора во биоѓубриво кое пак ќе има своја примена, односно така преработена ќе биде искористена, а не да се фрла и да допринесува дополнително загадување на животната средина. Токму тоа е целата на овој проект, но и на дел од останатите проекти коишто ги работиме заедно пред се со учениците, да се развие свеста и да си обезбедиме што поквалитетна и почиста животна средина за нас и за генерациите кои ќе бидат после нас, подвлече директорот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:био компостаракавадарциорганскиот отпадорганско ѓубриво
Претходен напис Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
Следен напис Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?