Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
Агровести

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%

Објавено 30/09/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96%, соопшти Народна банка.

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за 0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43%, при годишен раст од 0,26 п.п. 

Во август, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,20%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи намалување за 0,16 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,90% и забележа месечен пад од 0,06 п.п. Анализирано по валута, падот е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,12 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула бележат раст (за 0,79 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,83 п.п. 

Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,20%. Промената произлегува од намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со истиот месец од претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, овој месец, е намалена за 1,04 п.п. на месечна основа и изнесува 1,99%. Надолната промена е резултат на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 1,13 п.п. и 0,44 п.п., соодветно). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,18 п.п. на годишна основа.

Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% и забележа месечен пад од 0,01 п.п. Притоа, падот во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута. Оваа каматна стапка е зголемена за 0,05 п.п. на годишна основа. 

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, е забележан месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 5,28%. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,04 п.п. 

Во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,93% и на месечно ниво е зголемена за 0,04 п.п. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,05 п.п., соодветно) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи раст за 0,43 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, е повисока за 0,08 п.п. и изнесува 2,76%. Месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), во услови кога кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на
новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,44 п.п.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:депозитикаматна стапкакредитиПросечната
Претходен напис Совети за есенското опаѓање на косата
Следен напис Во Кавадарци поставена био компостара органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?