Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Карбинци се расчистуваат дивите депонии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Во Карбинци се расчистуваат дивите депонии
Рурален Развој

Во Карбинци се расчистуваат дивите депонии

Објавено 03/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Карбинци и ЈП „Плачковица“ – Карбинци ја завршуваат својата обврска за расчистување на дивите депонии на шест локации на територија на општина Карбинци, што е во рамки на европскиот проект за управување со отпад.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека Карбинци е една од општините од двата региона во кои беше предвидено комплетно расчистување на несоодветните создадени депонии, кои беа дел од 104 идентификувани ѓубришта во двата региона.

– Се затвора и оваа депонија кај селото Таринци со што ќе ја заокружиме оваа фаза од проектот за затворање на депониите, со затворањето и на оваа последна дива депонија кај селото Таринци. Ова е многу важен проект за општина Карбинци и на чекор сме до реализација на онаа регионална депонија кај Мечкуевци со којашто Истокот и Североистокот ќе добијат еден центар за управување со отпад и нема да имаме повеќе диви депонии во населените места низ државата, рече Паунов.

Отпадот општина Карбинци засега го депонира на депонијата во Штип и со затворањето на депониите останува да чека на новата современа регионална депонија кај светиниколско Мечкуевци. Општината депониите ги затвори во Карбинци, Аргулица, Козјак, Крупиште, Радање и последнава во Таринци, а градоначалникот Паунов посочува дека прекршувања во однос на нивно повторно отворање од страна на граѓаните речиси и да нема.

– До овој момент жителите на Карбинци ги почитуваат оние одредби и препораки коишто ги кажувавме и во изминатиов период. Се надевам дека така и ќе остане. Се забележани минимални прекршувања, коишто се во рамки на она што го потенцираме, така што очекувам свеста да биде подигната за да ни остане животната средина онака како што ја посакуваме, додаде Паунов.

Затворањето на депониите и ѓубриштата во Источниот и Североисточниот плански регион во рамки на регионалниот систем за управување со отпад се одвива во две фази. Во Источниот регион беа регистрирани вкупно 12 несоодветни општински депонии и 72 диви ѓубришта, а во Североисточниот регион за чистење беа утврдени шест нестандардни општински депонии и 32 диви ѓубришта. За оваа активност се инвестираат околу 10 милиони евра.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:виктор пауновкарбинци
Претходен напис Цената на дизелот се намалува, на бензините се зголемува
Следен напис Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа пред почетокот на новата сеидба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?