Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа пред почетокот на новата сеидба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа пред почетокот на новата сеидба
Агровести

Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа пред почетокот на новата сеидба

Објавено 03/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од Кочанскиот регион бараат итна исплата од ресорното Министерство на ветената интервентна финансиска помош од три денари за предаден килограм арпа, за да можат да ги подготват нивите пред сеидбената сезона.

Оризопроизводителите очекувале до крајот на март, до кога бил крајниот рок, да ги добијат парите, но на сметките сè уште немаат никаков прилив, а веќе прават трошоци за орање и набавка на репроматеријали за новата сеидба.

-Нема ништо од Ковид мерката за исплата по кантарна белешка на дополнителни три денари за килограм предадена арпа. Се најавуваше исплата до средината на јануари, средина на февруари, па крај на март, а парите уште ги нема. Средствата ни се толку неопходни во овој момент за да можеме нормално да ја завршиме подготовката за новата сеидба на оризот. Се прашуваме дали треба блокадите на регионалниот пат Штип – Кочани повторно да се активираат, за да добиеме нешто, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор на оризопрозиводителите.

Според пресметките на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите, минатата година се произведени околу 25 илјади тони оризова арпа, а за количините што во предвидениот рок биле предадени кај откупувачите треба да се исплати поддршката од интервентна мерка.

Во меѓувреме оризопроизводителите ги подготвуваат површините за претстојната сеидба, а според најавите од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани, годинава ќе се засеат околу илјада хектари помалку во споредба со лани. Причината за намалувањето е сушниот период во текот на зимата и пролетта, а во моментот во акумулацијата Калиманци има 81 милион кубни метри вода, што е за една третина помалку од нејзиниот капацитет.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:исплатаОризопроизводителитесеидбафинансиската поддршка
Претходен напис Во Карбинци се расчистуваат дивите депонии
Следен напис Што е ИПАРД, како да искористите неповратни средства за вашата инвестиција, каде да се обратите за информации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?