Поранешниот министер за земјоделство, а сега пратеник Љупчо Николовски изјави дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот се кратат пари за успешни мерки на минатата Влада:
Во отсуство на аргументи и факти и со непродуктивни за граѓаните дебати и исти говори од мнозинството, беше усвоен ребалансот.
Но кратко еве ги фактите за земјоделците во и со овој ребаланс:
– за жал според ова нема да добијат авансна исплата на 30 % од субвенциите на крај на 2024 год. затоа што ова не е приоротет за новата Влада како што беше за претходната,
– се крати на најуспешната програма за земјоделството во која инвестиравме најмногу и успеавме да бидеме лидери во регионот – ИПАРД,
– се крати на интервентниот фонд за земјоделците како успешна политика и
– се крати на сите нови и програми што донесоа резултати како програмата за социјална сигурност на жените, за здрав оброк во училиштата, за полски патишта, за микропроизводители на вино, за мали производители од животинско и неживотинско.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Пратеник.
