Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници
Агровести

Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници

Објавено 18/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ во ноември 2025 година биле ангажирани 2131 лице (вработени на изведувачот, на подизведувачи и индиректни даватели на услуги и на специјализираните изведувачи) како и 1290 вкупна опрема, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за ноември 2025 година , објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). 

Според Извештајот, во ноември лани на изведувачот му се исплатени 1.149.367.247 денари. Вршени се претежно геотехнички истражувања, проектирање и изработка на технички спецификации за автопат, проекти за експропријација, привремено управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постојни објекти и други елементи на патот, како и градежни активности главно за земјени работи, одводнување и објекти.

Извештајот покажува дека геотехничките истражни работи се завршени на првата делница Тетово-Гостивар, а во тек се на Гостивар-Букојчани и Прилеп Битола. На тие делници, на терен има активности за земјени работи, конструкции и одводнување. За третата делница Струга Требеништа почната е изработка на студија за оценка на влијанието врз животната средина и социоекономските аспекти (ESIA-Environmental Social Impact Assessment). 

Има активности на седум мостови, осум натпатници и три потпатници. Заклучно со крајот на ноември 2025 година, изведени се повеќе од 4,9 милиони метри кубни ископ и 1,45 милиони метри кубни насип. Исто така и  20.500 метри колови, а за конструкции се изведени 63.000 метри кубни бетонски работи. За одводнување изведени се 13.000 метри кубни бетонски работи – покажуваат податоците од Извештајот. 

Во текот на 2025 година на Конзорциумот „Бехтел и Енка“ исплатени се вкупно 147 милиони евра. За годинава, според најавите, планирани се 103 милиони евра. 

Како што изјави претходно за МИА директорот на ЈПДП Коце Трајановски, досега на Делница 1, Тетово-Гостивар, достапни за работа се 13 километри од 17,5 километри, на Делница 2, Гостивар-Букојчани, достапни се 9,6 километри од 31 километар, а на Делница 4, Прилеп-Битола, достапни се 22 километри од 40 километри.

– Клучни активности во 2026-та ќе бидат овозможување на пристап и можности за изведбени работи на вкупните должини по трасите на делниците 1,2 и 4. За Делницата 3,  Требеништа – Ќафасан, во процес на изработка е сериозна документација која ќе даде точни насоки за заштита на биодиверзитетот и културното наследство при утврдувањето на трасата за оваа патна делница –  најави Трајановски. 

Четирите автопатски делници што се дел од проектот се со вкупна должина од 109 километри за кои треба да се изгрдат 24 потпатници, 34 натпатници, како и мостови во вкупна должина од 4,500 метри. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:автопатитеизградбатакоридор 8 и 10д
Претходен напис Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи 
Следен напис Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?