Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари
Агровести

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

Објавено 18/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупувачите од производителите откупија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп.

-Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на тутунот трае до 28 февруари. Се појавуваат информации дека е хаос во откупот. Тоа не е точно и не треба да се доведуваат тутунопроизводителите во заблуда. Со години се врши намалување на пунктовите за откуп, бидејќи се и намалени количествата за откуп на тутун. Тутунопроизводителите да не се плашат, целиот род ќе им биде откупен. Треба да бидат трпеливи, да им се исуши тутунот и да може да им биде откупен во прва класа, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

 Сојузот е подготвен да разговара и со откупувачите и со ресорното министерство за новата реколта и новите договори со цени.

– Да завршат празниците, очекуваме да ги почнеме разговорите и со откупувачите за договорите за годинашнава реколта и за новите цени, а со Министерството заземјоделство за Законот за тутун, вели Ристески. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:25 000 тони тутун419 денариОткупени
Претходен напис Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници
Следен напис Богојавление е најсилната ноќ во годината: Секој треба да го направи точно ова на полноќ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?