Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Италија е дозволен лов на диви свињи и во градовите – 70-годишен старец пукал од прозорец, за малку избегната трагедија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Италија е дозволен лов на диви свињи и во градовите – 70-годишен старец пукал од прозорец, за малку избегната трагедија
Агровести

Во Италија е дозволен лов на диви свињи и во градовите – 70-годишен старец пукал од прозорец, за малку избегната трагедија

Објавено 13/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Италијанската влада дозволи лов на диви животни во урбаните средини. За време на усвојувањето на буџетот за 2023 година, Претставничката комора во Рим во последен момент усвоила амандман со кој на граѓаните им се дава право да ловат диви свињи на улиците на своите градови, наведува Vasroma.

Кој смее да лови?

Лиценцираните и обучени ловци сега можат да пукаат во животни кои се населиле на периферијата на градовите во случаи кога тие што пукаат не ја загрозуваат јавната безбедност.

A group of wild boar pottering around the Aurelio area of Rome today #cinghialipic.twitter.com/EW35x4AEPg

— Wanted in Rome (@wantedinrome) September 15, 2022

Ова не било случај со 70-годишниот маж (на кого и му била истечена лиценцата), кој од својот прозорец пукал во дива свиња и погодил автомобил кој се движел. За среќа била избегната трагедија. Куршумот го запрело стаклото на прозорецот од автомобилот, а 56-годишниот маж кој го управувал автомобилот останал смирен и избегнал можна несреќа, а потоа повикал полиција.

Wild boar surround a woman in a Rome supermarket carpark, and steal her groceries 🐗 🤣 🐗

No idea why I find this so hilarious 🤣 pic.twitter.com/32wnVle1me

— Diane Masterson (@gingerbreadmiss) May 14, 2021

На одлуката за дозвола за лов влијаела зголемената популација на овие животни по улиците на градовите, поради што локалното здружение на фармери „Колдирети“ ја поздравило мерката. Според нивните податоци, нивниот вкупен број во таа земја е 2,3 милиони. Месото од дивечот може и да се консумира, откако ќе го прегледаат здравствените служби.

„Дивите свињи во предградијата во Италија станале закана за здравјето, работата и безбедноста“, изјави лидерот на „Колдирети“, Еторе Прандини за време на дебатата во Претставничкиот дом.

„Престанаа да се плашат од луѓе и се повеќе се доближуваат до куќите и училиштата, влегуваат во паркови, уништуваат земјоделски култури, напаѓаат животни, опсадуваат сточарски објекти, предизвикуваат сообраќајни несреќи и претураат по ѓубрето“, се пожали Прандини. Според студијата нарачана од истражувачкиот институт „Ixè“, инциденти со диви свињи во Италија се случуваат на секои 48 часа.

На дозволувањето на ловот се противат опозициските и еколошките организации, а портпаролот на италијанските зелени, Анџело Бонели најави протести на национално ниво и жалба до Европската Унија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:диви свињииталија
Претходен напис Исплатени 56.4 милиони денари дополнителни субвенции за 1.937 индивидуални земјоделци
Следен напис Почна бербата и откупот на лутите пиперки во Струмичко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?