Министерот Љупчо Николовски информираше дека се исплатени дополнителни субвенции за 1.937 индивидуални земјоделци.
„Кон регистрираните земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензинско и инвалидско осигурување се исплатени 56.4 милиони денари како дополнителна субвенција од 20% од висината на основните субвенции за 1.937 индивидуални земјоделци.
Земјоделците овие средства ги добија непосредно пред новогодишните празници. Грижата за македонските земјоделци и сите чинители од земјоделскиот сектор продолжува.“, стои во објавата на Николовски.

